СДСМ и ДУИ не биле задоволни од истрагата за трагедијата Кочани, а ја водат истите обвинители кои се нивни миленици и самите ги избраа, вели премиерот Мицкоски во изјава за медиумите а врска со поплаките од опозицијата дека истрагата не била добра.
Откако СДСМ побара лидерска средба, а лидерот Венко Филипче дал предлог за решение за нов градоначалник за Кочани премиерот Христијан Мицкоски го отфрли предлогот како прерано дејствие и политиканство по настанот во Кочани.
Опозицијата изрази незадоволство од истрагата, барајќи анкетна и странска комисија, додека Мицкоски нагласува дека се работи за истите обвинители избрани од СДСМ и ДУИ.
На предлогот за заеднички градоначалник и лидерска средба од Венко Филипче Мицкоски вели дека прво треба да се залечат раните од Кочани.
„Не би влегувал во таков тип на политиканство. Прерано е, раните од настанот во Кочани сè уште не се залечени. Прерано е да дискутирам за градоначалник или избори, тоа би било дополнителна болка за луѓето што ги загубија своите најмили. Сè уште не се поминати 40 дена од настанот, а некој зборува за избори. Им оставам на чест и совест“, вели Мицкоски кој додава дека лидерска средба е „пресериозна тема“ и дека Филипче може да го соопшти својот план на прес-конференција.
„Ако сака прво да ме запознае со проблематиката и предлозите, подготвен сум да го примам во термин што му одговара и сериозно да разговараме“, рече тој.
СДСМ предложи анкетна комисија за пожарот во Кочани, а ДУИ побара вклучување на странска комисија во истрагата за пожарот.
Двете партии изразија незадоволство од работата на обвинителството на што Мицкоски забележува дека станува збор за истите обвинители избрани од СДСМ и ДУИ.
„Утрото по настанот во Кочани пристигна обвинителот со своите соработници, Ислам Абази и Гаврил Бубевски. Не треба многу да говорам за овие имиња, јасно е од чии тефтери доаѓаат“, рече тој.
Тој подвлече дека повлекувањето од процесот за обвинителите не е трајно.
„Истите обвинители се миленици на СДСМ и ДУИ, кои сега велат дека не се задоволни од истрагата“, додаде Мицкоски.
Темата за минатите истраги кои ги потенцира Мицкоски ги предизвика СДСМ и ДУИ за нивниот став кон претходни случаи.
„Дали беа задоволни од истрагите за Ласкарци, Беса Транс, модуларната болница или трговскиот центар во Соравија? Јас не бегам от истрагата за пожарот во Кочани и ужасната трагедија, но ајде да ја прошириме со сите случаи што завршија како што завршија“, вели Мицкоски.
Тој нагласува дека владата дала простор за истрага за да се утврди одговорноста во ужасната трагедија во Кочани.







