На Македонците и другите земји од Западен Балкан во земјите опфатени со Планот за раст на ЕУ во иднина нема да им требаат класични хартиени и пластични документи со ,,Дигиталниот паричник на ЕУ”.

Според објавата на ЕУ во иднина тие што сакаат ќе ги имаат сите лични документи на едно безбедно место складирани на електронски начин.
Благодарение на Планот за Раст на ЕУ, Западен Балкан станува дигитален односно сите лични документи но и банкарски податоци може да ги носите во дигитална форма.
,,Во иднина, вашите документи ќе бидат складирани на едно место: Дигиталниот паричник на ЕУ. 🤩🇪🇺
Помалку хартија. Повеќе погодност”, се вели во објавата на регионалното комуникациско тело на ЕУ за Западен Балкан кое ги користи хаштазите:
#ДигиталнаЕУ
#ЕУиВИЕ
Видеото во кое се гледа што се може да се складира електронски може да се види на овој линк
https://x.com/WeBalkans/status/1930236761407410259?t=Ze0-uZ6HaFOgz8hQDqqC5w&s=19







