„Немам пријатели во Грција кои велат ‘Македонија’ кога мислат на Македонија. Немам ни колеги кои можат да го напишат тоа име без да го стават во наводници, дури ни меѓу оние кои не мора да се загрижени за прашањето за името“, пишува Тимиос Цалас во текст за „ЕУ обсервер“, во кој апелира „ајде да ја нарекуваме ‘Скопје’ во Грција за да не завршиме со помодрено око, и ‘Македонија’ кога сме во странство, за да не мислат луѓето дека сме идиоти!“
Тој потсетува дека во 1991 година, Грците беа тие кои со масивни демонстрации и активен дипломатски маневар, ја негираа соседната земја, која штотуку ја стекна независност од поранешна Југославија, и нејзиното право да се нарекува себеси Македонија. Грчкиот аргумент беше дека и во Грција има регион со тоа име и дека поранешната југословенска Македонија ќе има аспирации во тој правец.
Но, констатира Цалас, целата оваа афера за името на Македонија е завршена…
„Интензивната дипломатска активност од последниве денови и средбата меѓу премиерите на Грција и Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, во Давос, ги зголемија очекувањата дека прашањето може формално да се реши сега по 27 години и дека Македонија конечно ќе може да добие редовна, формална ознака која ќе се користи во меѓународните организации, можеби ‘Нова Македонија’ или ‘Северна Македонија’, што ќе ја разликува од грчка Македонија и така ќе ги смири Грците.
Сепак, вели Цалас, овој зрак на надеж, или решение „erga omnes“, како што посакува грчката страна, не е ничиј друг интерес.
Зашто „Никој, никаде, нема да го користи новото име“.
И, кој е во право, прашува Цалас и веднаш одговара дека „остатокот од планетата е во право, а не Грција“.
Не е можно да се именува земја според името на главниот град, ниту пак да бара да се нарекува како што ние би сакале.
Никој во Грција сериозно не верува во приказната за иредентистичките аспирации на Македонија, ниту пак да натераме некој во Британија да поверува во тоа, вели тој и додава дека како би можела една од најсиромашните земји во Европа, со сериозни проблеми со националните малцинства, земја која желно сака да влезе во НАТО, да претставува закана за земја која е петпати поголема и многу помоќна?
Тој апелира до „оние од нас кои немаат никаков проблем со ова, да престанат да дејствуваат како службеници на Министерството за надворешни работи, да ја ставаат Македонија во наводници во текстовите или да користат акроними за извртување на јазикот бидејки ПГДМ (ФИРОМ) не е ознаката што привремено беше прифатена од Грција.
Ајде да ја нарекуваме „Скопје“ во Грција за да не завршиме со помодрено око, и „Македонија“ кога сме во странство, за да мислат луѓето дека сме идиоти, вели Цалас, според кој целиот свет не ја нарекува Македонија едноставно Македонија, туку смета дека „Грците се луди во нивната истрајност дека таа мора да се нарекува поинаку.
„Особено кога ние никогаш во изминатите 30 години не сме објасниле објасниле како би требала да се нарекува“, заклучува новинарот.
Тимиос Цалас е новинар стациониран во Лондон, кој работи за парламентарниот тинк-тенк „Hansard Society“ и коментатор за надворешна политика за грчкиот весник „Катимерини“.





