За разлика од Македонија каде неретко на завршните средношколки прослави се слушаат Цеца и Карлеуша во Егејска Македонија се слушаат звуци од познати народни песни и се игра традиционално македонско оро.
,,Дали можете да замислите како изгледа завршен настап на ученици од средно музичко училиште во егејска Македонија?
Еве погледнете. Различно е од кај нас”, објавува профилот Егејска Македонија на Х поранешен Твитер.
За тие што не можаат да ја препознаат песната се работи за евергринот ,,Домаќине добри гости ти дојдоа, добар абер ти донесоа”.
Видеото во линкот
https://x.com/egejskamkd/status/1803914303117959660?t=Kun65VrjqNkRz7B5iHhqnA&s=19






