На Косово откриена лабораторија за фалсификување документи на 50 држави

Илјадници празни документи за идентификација со ознаки на повеќе од 50 земји ширум светот, вклучително и Србија, биле запленети во Приштина минатата недела.



Документите биле пронајдени во импровизирана лабораторија за која се верувало дека биле користени за производство на фалсификувани документи.

Истовремено, едно лице е уапсено и одредена му е мерка притвор од еден месец, соопшти косовската полиција.

Фалсификуваните бланко документи, велат, биле откриени минатиот петок, на 24 јануари, кога во Приштина било запрено возило. Тогаш бил уапсен возачот Ф.К.

Потоа била претресена куќа во Приштина, која, според КП, служела како „лабораторија“ за изработка на фалсификувани документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи.

При претресот на оваа куќа биле пронајдени и запленети ласерски машини, принтери, повеќе од 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот.

На сликите во прилог се и празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединетото Кралство, Бразил, Мексико, Германија…

На уапсениот (возач) му е изречена мерка притвор од еден месец.

По апсењето од страна на обвинителството е отворен случај за „фалсификување исправа“ и „организиран криминал“, јавуваат медиумите на Косово.

Преходно додека на власт во Македонија беа СДСМ и ДУИ беа издадени 215 македонски пасоши на странски криминалци.

Најчитани статии

Повеќе од 200 лица земале плата во Фондот за пензиско осигурување, а не оделе на работа!

Што сака да каже писателот

Вевчански приказни за етиката, цените и виски за 100 денари