Откако Русија оштро протестираше за изјавата на премиерот во која тој “инсинуирал дека Русија му подготвува атентат” а владата негираше дека ја обвинила Москва за обид за негово убиство, се отвара прашањето на кого мислел премиерот кога спомна кажа дека некој сакал да го убие Зоран Заев.
Листата на потенцијални нарачатели и извршители на атентат на кои мисли македонски премиер е долга.
Реално ако се исклучат настаните од 27 април кога тој и други политичари беа мета на брутален напад во Собранието, Заев и неговите советници досега не дадоа ниту една аргументирана причина зошто некој би сакал да го убие но листата може да биде долга ако се размислува песимистички.
ВМРО – ДПМНЕ
Со оглед на настаните од 27 април прва на листата на Заев за нарачатели на негов атентат би можела да биде опозицијата односно ВМРО – ДПМНЕ која што во изминатиот период кој го спомена премиерот како опасен, со него постојано разговараше, преговараше а заедно потпиша и два договоро Пржино 1 и 2.
Радикални внатрешни структури
Во земјава и меѓу Македонците и Албанците, иако меѓу нив многу помалку, има радикални структури кои што би биле среќни Заев да го нема во политиката но досега барем јавноста не знае за иформации кои наведуваат на атентат.
Соседни држави и служби
За разлика од односите со Бугарија и Грција Заев влезе во судир со Србија а на Косово ги испровоцира сите Албанци на Балканот со изјавата дека Косово е српска земја но и во тој правец не постојат информации за кредибилни закани за атентат на македонскиот премиер.
Криминални структури
Како и секој друг премиер и Заев е потенцијална мета на подземјето но со оглед на тоа што во првите 5 месеци од владеењето а и предходно тој нема некаков резултат во битката со регионалниот или меѓународен криминал и оваа опција е малку веројатна.
Терористички групи
Политиката на отворени граници и прифат на мигрантите е само една од причините зошто Заев не треба многу да се плаши од овој вид закани. Од почетокот на новата влада не е уапсен ниту еден член на ИСИС или друга терористичка група ниту има некој нов правен процес против членови на Исламската држава што исто така не дава причина за страв од одмазда.
Веројатно премиерот и советниците имаат некакви сознанија за опасност по неговиот живот како што знаат дека сите предходни информации за атентати во регионот лиферувани од влади секогаш кога се неаргументирани се толкуваат како ефтина пропаганда и манипулација за да се покрие економскиот неуспех.
За ова искуство Заев може да го праша српскиот претседател но и други лидери во регионот.




