Се“ е според закон, одговори екс-премиерот Димитар Ковачевски запрашан денеска дали не му било незгодно да побара апанажа со што во наредните 12 месеци ќе зема по 2.500 евра плата. .

„Јас бев претседател на Владата во исклучително тешко време, својата функција ја обавував согласно законот на РСМ, согласно законот за Влада и согласно законот за избори поднесов оставка“ рече екс-премиерот.



Противуставна е апанажата на Ковачевски и Спасовски, велат од Левица

На забелешката дека апанажата ако не се побара, нема да се добие, тој кажа дека нема свои компании, иако бил обвинуван дека има.

„Јас бев обвинуван дека сум имал свои компании, тоа опозицијата постојано го истакнуваше, но се потврди, дека јас немам свои компании, а тоа било лага“, кажа Ковачевски.

Според него треба да следува апанажа, за да може да се искористи одреден временски период да се направи трансфер во кариерата.

„Доколку некој извршувал општествена функција треба да следува апанажа да може да искористи одреден временски период својата кариера да ја насочи кон некоја друга.

Не би сакал да давам популистички изјави дека нешто не треба да се прави, затоа што таа се прави за многу избрани и именувани функционери“, вели Ковачевски.

Има луѓе што седат четири години во Парламент и после тоа ако не се веќе дел од Парламентот треба да направат трансферн на својата кариера во некоја друга област“, одговори Ковачевски.