За несекојдневна кражба објавија хрватски медиуми, во која на дете му била украдена – инвалидска количка.
„Ве молам, ако некој ја видел оваа инвалидска количка во градот, нека ми каже, бидејќи некој од нашата продавница украл инвалидска количка за дете, без која, се разбира, детето не може да се движи“ го пренесува апелот на вознемирената мајка на 14-годишното дете, порталот Индекс.хр.






