По добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, пги известува граѓаните дека, денеска ќе има прекини во редовното снабдување со вода:
Поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф80мм на ул.Александар Бујнов бр.8 во населба Бутел, од 07:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Александар Бујнов, Душко Поповиќ, Пребондова, Томе Пуре и дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм на ул.Ташко Караџа бр. 12 во населба Автокоманда, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Ташко Караџа, Трифун Хаџи Јанев, Христо Ботев и Бапчор (општина Гази Баба)
Поради отстранување дефект во шахта на вентил од Ф-6/4цола, на ул. Манапо бр. 5, од 08:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Манапо, Струма, Пелистерска, Огражден и Радика (општина Карпош).






