На Горан Бреговиќ му забранија да пее во Латвија

Руско-литванската пејачка Кристина Орбакаите и познатиот музичар Горан Бреговиќ се вклучени во списокот на странци на кои им е забранет влез во Латвија, објави јавуваат медиуми



Таква одлука донесе министерот за внатрешни работи, Рихардс Козловскис, претставник на партијата Ново Единство.

Двајцата музичари се вклучени во таканаречената „црна листа“ на барање на Службата за државна безбедност, објасни министерот во интервју за Латвиската телевизија.

Ова значи дека концертите на музичарите планирани за ова лето во Латвија ќе мора да бидат откажани.

Бреговиќ одржа неколку концерти на Крим од 2014 година. Музичарот честопати јавно изразуваше поддршка за Русија, а Орбакаите, исто така, пееше на Крим по окупацијата и учествуваше во разни руски пропагандни настани.

Минатата година, по препорака на разни безбедносни служби, „црната листа“ на Латвија беше проширена за 480 странци.