На Бутарис му се малку над милион Македонци годишно во Солун

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис не ги заборави туристите од Македонија на промоцијата на неговиот град во Виена како туристичка и бизнис дестинација без оглед на сезоната.



„Повеќе од еден милион граѓани годишно пристигнуваат во Солун од ПЈРМ. Тие не доаѓаат еднаш, туку дури и по три-четири пати годишно, бидејќи се оддалечени од Солун само 250 километри. Целта е да ги донесеме за време на викендите, но и во работните денови, како и за големите празници“, изјави во главниот град на Австрија градскиот татко на Солун што го навлече гневот во Грција со именувањето на северниот сосед како Македонија при неодамнешниот престој во Скопје.