Home Македонија На Британците им требаат 31 минути, на Македонците 33

На Британците им требаат 31 минути, на Македонците 33

Британските истражувачи немале друга работа и направиле анализа која земја колку од работното време троши за да може да купи кригла пиво.



Резултатите се следни: Британците за 31 минута работа можат да си купат кригла пиво, граѓаните на Монако само 4 минути а луѓето во Азербејџан мораат да работат 1 час и 22 минути.

Анализата направена од „SilverDoor Apartments“, се базира на просечната плата и просечна цена на пивото во секоја земја.

На Австријците и Швајцарците им требаат по 7 минути, а слично време од околу 33 минути им е потребно на Србите, Молдавците и Македонците за да уживаат во кригла пиво.