Израелски експерт за односи со јавност го советувал претседателот Пендаровски да се оградува од СДСМ затоа што ,,им се гледал крајот”.
Извори во СДСМ тврдат дека дел од раководството на партијата на власт е луто на шефот на државата затоа што тој ги прифатил советите на израелскиот ПР гуру кој според Пендаровски е консултант на СДСМ а според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски е најмен и платен од црни пари да ја води кампањата на Пендаровски.
Во СДСМ денеска на маргините на Конгресот се разговарало на темата откако Пендаровски одбил да присуствува на неколку настани на партијата.
Сомнежите дека шефот на државата ги слуша советите на израелскиот експерт биле потврдени откако Пендаровски не дошол на отварање на штабот на СДСМ во Куманово каде што во родниот град на лидерот Ковачевски тој одбил да се појави.
Последен пат Пендаровски бил на настан со луѓе од СДСМ пред десетина дена на браната Конско со Заев и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
За дел од раководството на СДСМ Пендаровски се обидува да се прикаже пред јавноста како независен кандидат затоа што знае дека СДСМ ќе доживее дебакл на изборите и дека партијата ја загубила довербата од граѓаните.
Според извори блиски на кабинетот на Пендаровски советите на израелскиот ПР експерт биле тој да се дистанцира затоа што така ќе го избегнел лошиот имиџ на партијата на која ,,и се гледал крајот”.
Според анализите Пендаровски требало да комуницира со партијата само таму каде што морал да комуницира.
По притисокот од луѓе од врвот на партијата Пендаровски сепак пред неколку дена се согласил да води заедничка кампања со СДСМ по што како гаранција дека нема пак да се дистанцира од Бихаќка како координатор во неговиот штаб била инсталирана портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Аферата за црните пари за ,,Израелскиот ПР гуру” ја отвори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.





