Аукциската куќа „Кристи“ објави дека ќе го понуди легендарниот дијамант од 19 карати кој некогаш бил во сопственост на француски владетели, меѓу кои и Луј XIV и Наполеон.



Дијамантот наречен „Велики Мазарен“ беше на аукција само еднаш, на познатата продажба на француски накит во 1887 година.

Шефот на дијамантската секција Раул Кадаки рече дека овој дијамант е ископан во рудниците Голконда во Индија и бил во круните на речиси сите француски кралеви и императори од почетокот на 18 век.

Претседателот на оваа аукциска куќа за Европа и Азија, Франсоа Кириеле, го нарече „дијамант со најпрестижната историска позадина кој сеуште е во приватна сопственост“.

Не е одредено кој го поседува, аукцијата е закажана за 14 ноември во Женева.