На итна седница, Судскиот совет го разреши Наќе Георгиев од неговата функција судија во Врховниот суд, откако доби три години казна затвор за земање мито од 15.000 евра за дело со кое се спогоди со Обвинителството.
„Георгиев не треба да зема плата ниту еден час плус од граѓаните, поради тоа што го направи. Тој е срам за судството“, било кажано на денешната седница.
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на почетокот посочила дека иако по ова утврдување на престанок на функција не се гласа и не треба расправа, сепак станува збор за престанок на судиска функција на судија од највисокиот суд во државата е осуден со правосилна пресуда за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.
„Истиот судија претходно ја негираше одговорноста, но се докажа дека не може никој, па ни судија да пркоси на фактите и доказите. Во овој момент, нема да се впуштам во коментирање на судската одлука и висината на казната и начинот на кој заврши овој случај, но секако мојот став околу овие прашања е да апелирам до граѓаните да не молчат и да не се плашат. Да се одважуваат и пријавуваат до Судскиот совет и до другите надлежни органи секое коруптивно дејствие преземено од страна на судија. Секоја случај кога судија лично или преку посредник ќе му побара поткуп или било како дејствие или пак услуга заради влијание или донесување на судска одлука“, изјави Дамева.





