Професоркјата Мирјана Најчевска реагира на ветувањето на екс-премиерот Димитар Ковачевски кој предизборно и од позиција лидер на СДСМ вели дека доколку формираат влада, просечната плата од сегашните 650 ќе изнесува – 1.000 евра.
„Полнолетните луѓе со деловна способност размислуваат со своја глава и рационално ги одмеруваат опциите од кои избираат“ – вели Најчевска.
„Јас на пример би можела да ветам е дека би се борела за воведување правила, процедури и критериуми кои ќе важат за сите еднакво.
За намалување на функционерските привилегии, а зголемување на нивната одговорност.
За граѓанска држава во чиј центар е граѓанинот и неговите потреби“ – објави Најчевска на Фејсбук.




