Најчевска: За 14 загинати во Нови Сад министерска оставка, за загинати 14 загинати во мобилната во Тетово – лидерска позиција

Професорката Мирјана Најчевска со пример посочува однос на некои други влади и функционери кон несреќи споредувајќи го со непреземањето никаква одговорност на некои бивши функциoнери во Македонија за ужасна несреќа со ист број на жртви:



„14 загинати од пад на настрешница на железничка станица во Нови Сад и 14 загинати во пожар на модуларна болница во Тетово.

На една страна оставка на министер, на другата, министерот станува претседател на политичка партија.

На едната страна масовни демонстрации. На другата демонстрираат семејствата на загинатите.

Сега за сега има разлика“ пишува во објава на Фејсбук Најчевска.