Професорката Мирјана Најчевска реагираше на барањето на Бојко Борисов, министерот за транспорт и врски Александар Николоски да си поднесе оставка.
„Овој е или многу глуп или национализмот толку го заслепил што не знае што зборува.
Кој си бре ти да бараш оставка од македонски министер.
Оставка од Александар Николовски можам да побарам јас како граѓанин на оваа држава, или моите претставници во македонското собрание, ама не и некој лик од друга држава.
Секоја од овие глупости една власт во која има луѓе со два грама мозок и една професионална дипломатија може да ја искористи за настап пред ЕУ и барање ЕУ малку да си поведе сметка за однесувањето на нејзините држави членки“, напиша таа.





