Професорката Мирјана Најчевска се огласи во врска со „дилемите“ дали професорката Гордана Силјановска Давкова која победи на претседателските избори на 8 мај, го прекршила „преспанскиот“ договор со неспоменување на „северна“:



„Јас лично мислам дека Гордана Силјановска го нема прекршено договорот од Преспа.

Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името Северна Македонија.

Во тој момент таа се уште потпаѓа под членот 7 и во ниту еден момент не го прекршува овој член.

Од моментот на инаугурацијата па натаму таа мора да го употребува официјалното име“, објави Најчевска на Фејсбук.