Професорката Мирјана Најчевска реагира на видеото со содржина од конфликтот 2001 повторно кое го споделија функционери на ДУИ и на кое се гледа како Ахмети облечен во унформа на УЧК порачува дека до сега не изгубил ниту една војна.
„Споделување на видео со кое се повикува на насилно рушење на државните институции не може да биде наивно и не смее да се прикажува како минорна работа.
Секој кој споделува видео со воена содржина со која се поддржува или повикува на насилно рушење на уставниот систем треба кривично да биде гонет врз основа на член 305 од Кривичниот законик“ .






