Најмалку 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните медиуми.



„Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Се уште не знаеме дали има загинати, додека не бидеме сигурни дека не можеме да кажеме ништо. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите“, јави НОва/рс повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.

A post shared by SERBIA LIVE – NOVI SAD (@serbialive_novisad)