Најмалку 11 лица ранети во масовно пукање во ноќен клуб во Њујорк

 

Полицијата засега не соопштува детали за инцидентот, јавува Њујорк пост.



Објавите на социјалните мрежи на локалните жители укажуваат на зголемено полициско присуство во клубот.

Нема потврда но се шпекулира дека инцидентот се совпадна со смртоносниот напад во Њу Орлеанс на Нова година, во кој загинаа 15 лица, а повеќе од 30 беа повредени откако возило влета во толпа.

Во Лас Вегас, во средата наутро се запали автомобил Tesla Cybertruck пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Експлозијата остави еден загинат и седум повредени, а властите ја истражуваат како потенцијален терористички акт.

Автомобил „тесла“ експлодираше пред хотелот на Трамп во Лас Вегас