Стампедото се случило додека верскиот проповедник им се обраќал на своите следбеници во специјално поставен шатор во селото Рати Банпур во областа Сикандра Рау во округот Катрас, објави Хиндустан Тајмс.
Според полицијата, се чини дека недостигот на кислород на местото каде што се одржал настанот, за време на многу топол и влажен ден, предизвикал непријатност кај луѓето кои присуствувале на верскиот настан и тие почнале панично да бегаат, што довело до стампедо.
Според зборовите на еден од преживеаните, стампедото се случило на крајот на верскиот собир бидејќи сите брзале да го напуштат собирното место.
Претседавачот на Советот на министри на сојузната држава Утар Прадеш, Џоги Адинат, им нареди на надлежните служби за итни случаи да го забрзаат укажувањето на помош.





