Најмалку тројца ,,сликари” осомничени за фотографијата на која Фрчкоски Јуниор шмрка кокаин

Неформалната истрага на луѓето одговорни за безбедносни прашања во СДСМ утврдиле листа на можни луѓе кои се осомничени од партијата за споделување на фотографијата на која се гледа како Фрчкоски Јуниор односно Јон Фрчкоски шмрка кокаин.



Според извори на Бихаќка кои се срамат од инцидентот, интерната истрага покажала дека на листата на осомничени има најмалку три лица кои можеле да го сликаат Јон Фрчкоски додека користи кокаин на работната маса во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор.

Еден од потенцијалните ,,фотографи” кој со сликањето и споделувањето на фотографијата ја запечатил политичката кариера на Јон Фрчкоски е негов партиски другар од Скопското крило на партијата чин близок роднина работел во истата фирма со него.

Истрагата не отфрла дека можеби роднината е тој што сликал а потоа ја дал фотографијата на својот роднина кој до неодамна беше партиски и владин функционер од вториот ешалон.

Второто сценарио за тоа кој го сликал Јон Фрчкоски кој замина од позицијата Директорот на партискиот сектор за анализи и истражувања и го уништил како политичар, зборува за роднина на блиски семејни членови кој исто така работел во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор.

Во ова сценарио причините се лоцираат во поматени семејни односи и обид за одмазда.

Третиот осомничен за сликање и споделување на униптувачката фотографија на Јон Фрчкоски е партиски член на СДСМ кој преходно имал проблеми со законот на истата тема кој бил исто така вработен во Јавното претпријатие.

Изворите на Бихаќка потенцираат дека човекот кој го сликал потоа од свои најверојатно лукративни причини ги дал фотографиите на луѓе блиски на актуелната власт кои ги објавиле на социјалните мрежи. Тие велат дека не се исклучува и некој надвор од оваа листа да го сликал Фрчкоски Јуниор затоа што тој не можел точно да каже кој и кога бил сликан.

Според изворите истрагата нема одговори зошто Јон Фрчкоски ,,шмркал” на работно место и зошто воопшто дозволил да биде фотографиран како користи кокаин во јавното претпријатие каде што бил директор на правната служба.

Посебно прашање што го поставувале членови на СДСМ разочарани од станот што им го приредил на партиските другари е од каде му се пари на Јон Фрчкоски за скапата дрога ако се знае дека тој како директор земал не повеќе од 1000 евра плата.

Најпогодени во партијата од срамната фотографија се луѓето кои што биле дел од ,,Фрчковистичкото партиско крило”, кое сакало да има поголемо влијание на стратешките партиски политики кои сега се целосно во рацете на лидерот Венко Филипче.