Најзаслужниот за новата македонска ракометна магија: Не критикуваа со Кире но покажавме дека сме на вистински пат

Најзаслужниот или еден од најзаслужните за новата македонска ракометна магија Живко Мукаетов веѓи дека ракометарите се примерот како секој треба да се бори за Македонија.



Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетoв, по вчерашната победа над Катар со 39:34 не го криеше задоволството од прикажаната игра на репрезентативците.

,,Секако дека сум апсолутно задоволен од оваа втора победа, од пристапот на нашите ракометари, од квалитетот што го прикажуваат на ова Светско првенство. Тие се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Штета што поради сплет на околности, поддршката од трибините не е како на првите две средби. Тоа што беше до нас го направивме. Заеднички да ги задржиме момците со фокус на натпреварите и тоа што најдобро го знаат да го пружат на теренот. Јас сум им благодарен и многу среќен што еве се покажува дека оваа репрезентација има квалитет и во иднина да ни приредува радости. Заедно со Кире Лазаров трпевме многу критики последните неколку години, но покажавме дека сме на вистинскиот пат, изјави Мукаетов.

Токму Мукаетов е човекот кој е еден од најзаслужните за континуитетот на репрезентацијата на големите натпреварувања со обезбедувањето на беспрекорни услови за работа на стручниот штаб и на ракометарите.

По пет одиграни меча Македонија има две победи, две нерешени игри и само еден пораз.

Најголем дел од ракометарите што ја носат играта на Македонија се од домашните клубови а меѓу нив се издвојува Алкалоид основан од Мукаетов каде што селекторот Лазаров е тренер.