Најголем губитник ќе биде неискусниот Таравари кој може вечно да остане во опозиција – ДУИ анализира среднорочни сценарија

ДУИ не може да даде никаква гаранција дека доколку еден ден ВМРО-ДПМНЕ мора да направи коалиција со ДУИ и Таравари со неговата фракција ќе влезе во таква влада за која Мала Речица е свесна дека нема да се случи најмалку во наредниве неколку години.



Извори од поширокото раководство на ДУИ и членови на скопската испостава на партијата кои се блиски на избеганиот Артан Груби потврдуваат дека според анализите на стратешкиот тим на Али Ахмети најголем губитник во актуелниот обид да се урне владата на Мицкоски ќе биде неискусниот Арбен Таравари кој може вечно да остане во опозиција.

Актуелните околности според овие анализи укажуваат дека доколку еден ден ДУИ ја врати старата моќ и дојде во ситуација да преговара со ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција Арбен Таравари нема да биде на масата за преговори туку ќе чека на владиниот колач како и сите помали партии од Европскиот фронт.

Изворите во ДУИ тврдат дека Таравари кој се смета за неискусен во политиката, поради својот сегашен чекор очекува да биде еднаков партнер но треба да знае дека тој заради својата нестабилна политика не може да биде еднаков партнер со ,,синовите на Адем Јашари”.

Според анализите на ДУИ во моментов фракцијата на Алијансата на Албанците која ја води Зиадин Села е значително побројна од таа на Таравари и затоа нема логика Таравари да добива посебен статус во Европскиот фронт ниту пак да добива министри во идна влада во која би некогаш би се нашла ДУИ.

Во таква ситуација Таравари ќе треба да преговара сам со Мицкоски или некој друг премиер на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ признаваат дека Таравари има значително влијание во Гостивар и дека таму заедно со него можат да поразат кандидатот на ВРЕДИ но од се уште актуелниот министер за здравство не очекуваат значителна поддршка во другите градови каде на локалните избори ќе се соочат кандидатите на ДУИ.

Во ДУИ се свесни дека голем дел од членството на Таравари и партиските функционери ќе останат во ВРЕДИ затоа што прво, не сакаат да бидат во опозиција уште долги години, и второ не сакаат да бидат заедно со луѓето на Али Ахмети со кои претходно со децении имале проблеми и конфликти.

Иако звучи нелогично, со оглед на состојбата во која се наоѓа Мала Речица во поглед на корупција и криминал, еден од изворите во ДУИ тврди дека Таравари е и опасност за имиџот на ДУИ поради индициите за вмешаност во корупциски случаи кои допрва ќе бидат извадени во јавноста.

Доколку Таравари мисли да се скрие зад Европскиот фронт тоа ќе му биде погрешна тактика затоа што поради него ДУИ нема да влегува во конфликт со странците кои имаат информации за однесувањето на Таравари во најмалку два случаи.

Тоа што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е ладнокрвен и без стрес го испраќа Таравари во опозиција може да значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН имаат индиции за поведение на Таравари кое што може да биде штетно за ДУИ, велат анализите на ДУИ.

Апсењето на близок соработник на Таравари како директор на Геријатриската болница во Ѓорче Петров кој беше фатен при обид да наплати за сместување на девојче во кој уценетата од која се барале огромни пари е Албанка, покажува дека околу Таравари се развива култура на корупција која не смее да се пренесе на ДУИ која и самата е во лоша ситуација во овој поглед.

Таравари е добредојден во актуелната битка со ВМРО-ДПМНЕ за зачувување на правата на Албанците кои се стекнати со пушка но тоа не значи дека ДУИ би влегла во трајна коалиција или соработка со Таравари.

Освен за заедничките етнички интереси за кои поддршка доаѓа од Тирана се работи за целосно различни идеолошки и организациски структури кои се природни непријатели, велат изворите во ДУИ кои немаат намера да отстапат од својата позиција како доминантна партија во албанскиот блок во Македонија и во иднина да делат министерски и директорски места со Таравари.