Најголемата грешка на Вилма Русковска, призна ли кривично дело кое може да ја однесе в затвор (ВИДЕО)

Дали екс шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска ја направи најголемата грешка со признание за вршење на кривично дело кое може да ја однесе в затвор.



Со изјавата признание дека екс премиерот Зоран Заев од неа барал да изврши преквалификација на делото за случајот 27 Април со цел обезбедување докази со помош на кои ќе се овозможи промена на уставното име Русковска остава простор за сомнеж дека признава сторување на кривично дело кое никогаш не е санкционирано.

Експерти кои ги консултираше expres.mk анализираат дека во Кривичниот законик има повеќе кривични дела кои можеби се сторени во моментот кога Заев барал преквалификација на делото за 27 Април.

Едно од делата кои можеби се сторени е Примање/Давање награда за противзаконито влијание, друго е злоупотреба на службена должност, фамозниот член 353 ставот 3 како и Трговија со влијание.

Со оглед на тоа што кривичната пријава за 27 Април е поднесена во Март 2018 а Русковска е унапредена за шефица на Обвинителството за организиран криминал во Октомври истата година а делото поврзано со примање/давање награда или корист, таа но и Зоран Заев може да одговараат за Примање/Давање награда за противзаконито влијание.

Шест месеци по покренување на обвинение за 27 Април кога
Основното јавно обвинителство за организиран криминал поднесе обвиненија за 30 од 35 осомничени за настаните од 27 април за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста,
обвинителката Вилма Русковска денеска беше избрана за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

Таа ја водеше истрагата за насилствата од 27 април од Собранието, но и „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“.

Таа според официјално достапните информации никаде не го пријавила делото од Заев што тој го сторил според нејзиното признание.

Изјавата на Русковска во Подкастот Основано сомнение на Јанаки Митровски со која призна потенцијално вршење на кривично дело на овој линк

https://x.com/john_priest_mk/status/1932696400879296967?t=nof02a_P0SZ7zw5jENUSxA&s=19