Најважните жени во животот на шкотскиот политичар што умре во Охрид во конфликт за неговиот телефон

Двете најважни жени во животот на шкотскиот политичар Алекс Салмонд кој што умре во Охрид за време на конференција за културна дипломатија влегле во конфликт за неговиот телефон.



Вдовицата на Салмонд збеснала откако неговиот телефон го задржала колешка од Алба партијата затоа што наводно бил „сопственост на компанијата“ на шкотскиот политичар.

Вдовицата на Алекс Салмонд се судрила со неговиот близок политички сојузник Тасмина Ахмед-Шеик откако таа првично одби да му го предаде мобилниот телефон по неговата смрт во Македонија.

Тасмина Ахмед-Шеик која е екс пратеничка во британскиот парламент и долгорочна блиска соработничка била заедно со Салмонд во Охрид кога тој почина од срцеви проблеми.

Моира Салмонд (87) наводно била бесна кога поранешната пратеничка не сакала да го предаде уредот бидејќи тврдела дека е сопственост на компанијата.

Моира го нарача телефонот поради инфорамции кои требало да и помогнат да се справи со различни прашања, вклучително и банкарски сметки.

Прашањето било решено дури кога адвокатите се вклучиле во случајот во име на г-ѓа Салмонд, а г-ѓа Ахмед-Шеик (54) се согласила да го предаде.

Вршителот на лидер на партијата Алба, Кени Макаскил, долгогодишен политички сојузник и пријател на Салмонд за британскиот медиуми изјавил: „Моира ги има iPad и iPhone. Сè е решено и тоа е навистина сè што можам да кажам“.

Претставниците на г-ѓа Салмонд биле прашани за коментар, додека г-ѓата Ахмед-Шеик не одговорила на барањето за коментар од Дејли Меил.

Ахмед-Шеик била со Салмонд на конференција на Форумот за културна дипломатија во Охрид во Македонија, кога тој падна за време на ручек.

Моира Салмонд (87) наводно силно се вознемирила кога не можела да го врати телефонот на нејзиниот покоен сопруг.

Покрај тоа што е претседател на партијата Алба, таа е и ко-директор на Slainte Media со покојниот сопруг.

Ахмед-Шеик преходно изјави дека смртта на Салмонд ја оставила целата конференција во Охрид во шок.

Таа за Би-Би-Си изјави: „Шокот секако беше затоа што Алекс почина, но и затоа што луѓето го запознаа Алекс претходните денови и го сакаа и му се восхитуваа.

„Затоа луѓето го чувствуваа тоа сè повеќе – не почина само личност, туку личност која ги допре, ги слушаше, ги разбираше и јасно се грижеше за луѓето и им даваше време“.

„Тој ја осветли секоја соба, секој говор што го одржа, секој одговор на секое прашање што го даде – луѓето го ценат“, изјави блиската сопартијка на Салмонд.

Кога телото на г-дин Салмонд беше вратено во Шкотска, г-ѓа Ахмед-Шеик го обвила шкотското национално знаме над неговиот ковчег.

Бизнисменот Сер Том Хантер платил за чартер лет кој го вратил телото на г-дин Салмонд во Шкотска од Северна Македонија.

Тој рече дека се согласил да го плати приватниот лет, кој се очекува да чини десетици илјади фунти, бидејќи поранешниот прв министер „го заслужил достоинството и приватноста на приватно враќање во домот на неговото раѓање“.