Нивното вкупно богатство е речиси исто колку минатогодишниот заеднички бруто домашен производ на Германија, Јапонија и Австралија.
Bкупниот имот на 500-те најбогати луѓе на листата на милијардери на Блумберг надмина 10 билиони долари во 2024 година на крилата на растот на акциите на американските технолошки гиганти.
Лидерите на осумте најголеми технолошки компании само оваа година се стекнаа со повеќе од 600 милијарди долари.
Меѓу најголемите добитници се американскиот претприемач Илон Маск, извршен директор на компанијата за производство на напредни чипови Nvidia – Џенсен Хуанг и првиот човек на технолошката компанија Мета – Марк Цукерберг.
Спротивно на тоа, најголеми губитници оваа година беа француските милијардери Бернар Арно, Франсоаз Бетенкур Мејерс и Франсоа Пино, кои загубија вкупно околу 70 милијарди долари од своето богатство бидејќи побарувачката за луксузни стоки опадна, а политичката нестабилност ја ограничи потрошувачката.






