Најбогатите луѓе на планетата станаа побогати за уште илјада милијарди во 2017 година, четири пати повеќе отколку лани, а најбогатите 500 луѓе на светот го зголемија богатството за 23 отсто.
Најмногу, во текот на 2017 година се збогати основачот на Амазон, Џеф Безос – 32,2 милијарди долари и го престигна Бил Гејтс кој беше најбогат до октомври.
63 годишниот Гејтс, кој беше на првото место на најбогатите во светот од мај 2013, во моментот има „само“ 91,3 милијарди долари, малку помалку од 99.6 милијарди на Безос.




