Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка од пет милијарди. Јаневска вели дека повиците за утрешниот протест доаѓаат од партија која имала можност да го подобри статусот на наставниците.
- „Протестите ги организира СДСМ која до вчера беше на власт и имаше министри, заменици-министри и државни секретари, која ја оставија државата во распад, го оставија МОН со буџетска дупка од пет милијарди и која имаше можност да го поправи статусот на наставниците, но тоа не го направи“, вели Јаневска.

Посочува дека со ребалансот на Буџетот обезбедени се 900 милиони денари за плати за наставниците, а се прават напори во ноември или декември наставниците да добијат и регрес за годишен одмор.
- „Ќе разговараме и ќе бараме начини како да го подобриме статусот на наставникот“, вели Јаневска.
За утре пред Министерството за образование и наука е најавен протест организиран од страна на СДСМ под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“.





