Медиумите во Република Албанија најавуваат дека в недела пред Основниот суд Скопје 1, ќе се случат протести на кое што ќе биде изразено незадоволство од пресудата изречена против таканаречената „Кумановска група“, која што е виновна за смртта на 8 македонски специјалци пред речиси две и пол години во Куманово.
„Некои невладини организации од граѓанската иницијатива организираат протест против казните со кои судот во Скопје ги осуди осудените лица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Протестите ќе започнат во недела, со почеток во 13 часот“, објави албанскиот портал Телеграф.
Протестите ќе започнат од плоштадот Скендербег и ќе бидат завршени пред Основниот суд Скопје 1, се вели во соопштението на невладините организации кое што е испратено до албанските медиуми.
Демонстрантите бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот кој според нив е уште една неправда кон Албанците во Македонија.
Предходно и висок претставник на Алијансата на Албанците осудените ги прогласи за невини и побара меѓународни протести на албанските интелектуалци и политички елити.
Покрај за Диво Насеље се бара слобода и за други осудени Албанци за случаите Монструм, Бродец и други.
На последниот протест за случајот Монструм во 2014 година откако беа објавени пресудите за убијците од Смилковското Езеро на скопските улици демонстрираа повеќе од 10 илјади луѓе. За време на протестот имаше и сериозни инциденти но за среќа тие не прераснаа во поголеми немири.





