Тетовскиот веб портал на албански јазик фол.мк денеска не е достапен за читателите откако деновиве медиуми на албански јазик најавија дека на овој портал ќе бидат објавени нови илегално снимани телефонски разговори.

Спроед најавата „бомбата“ во која наводно зборувала Арифи ќе го докажела криминалот на ДУИ.

Според сопствениците на порталот кој се смета за близок на партијата Алијанса на Албанците , Зијадин Села, овој медиум е цел на хакери поврзани со ДУИ со цел спречување на објавување информации за корупцијата и криминалот на партијата на Ахмети.
Нападот се случува откако вчера Села најави формирање на Заедница на Албански општини во Македонија и откако АА и ДУИ влегоа во сериозна изборна битка во Струга и Гостивар.
Предходно откако лидерот на СДСМ Заев запре со објава на ткн „Бомби“ на социјалните мрежи беа објавени неколку приватни телефонски разговори меѓу високи членови на ДУИ.





