Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не е задоволен од актуелната дипломатска мрежа и најавува дека ќе има промени.
„Да ви дадм еден пример и се ќе ви стане јасно. Во амбасадата во САД, нашиот стратешки партнер, има двајца вработени, а во мисијата на ОБСЕ има 12. Сега се поставува прашањето зашто е тоа така, ако сме стратешки партенр со САД не треба само да мавтаме со знамиња, туку тоа треба да го покажеме и на дело. Но, некој ја приватизирал и партизирал таа институција и таа се ослободува. Наскоро многу работи ќе излезат на виделина“, рече Мицкоски.
Љубомир Фрчкоски кој денеска поднесе оставка од функцијата во Њујорк, не беше единствениот што беше повикан во Скопје од новото раководство во МНР.
На разговори во централата беа и амбасадорите во Тирана, Рим, и Букурешт Данчо Марковски, Весел Мемеди и Андреј Жерносвки.
Марковски поради резултатите од пописот во Албанија кој покажа дека бугарската пропаганда во македонската заедница е ефикасна, Мемеди зашто самоиницијативно ги информирал италијанските власти дека пасошите со старото уставно име веќе не важат, а Жерновски поради постоење сериозни индиции за формално-правниот аспект на неговото стапување на функцијата.





