Македонскиот тенор со меѓународна кариера Благој Нацоски на 4 ноември ќе биде гостин на вториот концерт на Токискиот Вранец камерен оркестар кај вљубеникот во Македонија, басот Казухиро Котецу, претседател на Токиската опера.
„Активен насекаде низ Европа. Настапите вклучуваат арии на Моцарт, дуети и македонски песни. Токиската опера в недела на 2 јуни ќе одржи аудиција за пејачи кои ќе настапат со него на овој концерт“, објави Токиската опера на својот налог на Твитер за гостувањето на Нацоски.






