Повеќе грчки извори деновиве упатуваат на решенијата кои што ги предложил медијаторот Нимиц а кои што официјално двете страни сеуште јавно не ги откриваат.
Според овие предлози медијаторот Нимиц предложил по две алтернативи за јазикот и нацијата на Македонците.
За јазикот наводно е предвидено да се именува како „Makedonski“ на латиница а алтернатива би требало да биде „официјалниот јазик на Република Нова Македонија“ (language of the Republika Nova Makedonija) доколку биде избрана додавката Нова.
Од предходно е познато и дека една од варијантите за името е Македонија да биде напишана на латиница односно да се чита како „Македониџа“ што според се не е најреална опција
Слично е и кај името на нацијата, предложеното решение е „Makedonska” на латиница со дополнителна варијанта „Националност на Република Нова Македонија“ (nationality of the Republika Nova Makedonija) ако биде избрана додавката Нова.
Овие варијанти веднаш по последната средба на преговарачите Василакис и Наумовски во Њујорк ги споменуваа и некои од највлијателните грчки медиуми како весникот Та Неа.





