Поради недостик на гориво од попладнево само 25 автобуси кои возат на гас сообраќаат низ Скопје. Хаос по постојките. Пуцко петрол не дава повеќе на вересија нафта. Од компанијата Решиле да си го напалатат долгот од над 10 милиони евра.
Од ЈСП велат немаат коментар, а од Градот Скопје прст вперија кон премиерот Мицковски дека создава криза.

Додека надлежнити играат пинг-понг префрлајќи си ја вината. Скопјани нервозно гледат во часовниците со надеж дека ќе пристигне авотбус. Авотбус нема, а и тој еден што ќе пристигне се полни веднаш и патниците висат нанадвор.
Бидејќи претпријатието има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол“, не се испорачува веќе нафта за автобусите, поради што тие се исклучуваат од сообраќај, а возат само автобусите на гас.
И додека возачите истакнуваат дека не знаат кога автобусот ќе им изгасне поради недостиг на гориво, граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за протест поради хаосот со кој се соочуваат со јавниот сообраќај во Скопје изминатите години.
Протестот е најавен за петок во 13:30 пред седиштето на Град Скопје.





