Наумовски и Василакис на Водици кај Нимиц

Нова рунда разговори за разликите околу името ќе се одржи на 19 јануари во Њујорк, дознава Канал5.



Медијаторот Метју Нимиц ќе ги пречека „преговарачите“ Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, но не е јасно дали оваа средба која доаѓа малку повеќе од еден месец по претходната во Брисел ќе донесе нешто ново.

На 12 декември, и покрај сите шпекулации и очекувања, од средбата не излегоа детали за тоа кое и какво решение би било прифатливо за двете страни.

Медијаторот по средбата со преговарачите Наумовски и Василакис тогаш изјави дека има позитивна клима меѓу двете земји и дека на барање на двете страни закажал нови средби за јануари, февруари и март догодина за кога теоретски може да се очекува решение.

Тој бил окуражен од конструктивноста на Скопје и Атина, од тоа што климата за преговори е подобра но сепак не сакаше да дава надеж пред да се дојде до решение за името.