„Повторното отворање на расправата за албанскиот јазик како официјален јазик само по себе значи негирање на постигнатото со Охридскиот рамковен договор, значи и негирање на албанско-македонскиот договор за мир и на двонационалното заедничко владеење.– тврди Џевдет Насуфи, поранешниот вицепремиер и министер за правда од редовите на Демократската партија на Албанците, во својата колумна со наслов „Да го одбраниме јазикот!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Покрај другото, во својата колумна натаму Насуфи пишува: Процесот на растурање на Охридскиот договор започна многу рано и тој процес сега задоби вознемирувачки размери. основата за интегрирањето на Албанците во државата преку правичната застапеност се растури. Исто така и албанскиот јазик како официјален јазик е на пат да се растури. Ова се два од петте главни столбови, врз стои Охридскиот договор. Процесот на нивното растурање мора да биде запрен, а тие столбови мора да се поправат.
Официјална Тирана молчи за нешто, за кое не треба да молчи. Ако не се штити албанскиот јазик, може да биде загубен. Уставниот суд е традиционално политичка и противалбанска институција.





