Многу скоро ќе биде готова анализата од досегашните инспекциски контроли спроведени кај ланците на маркети и дистибутерите. Од Пазарниот инспекторат велат се прави сеопфатна анализа, посочувајќи дека во периодот кој следи ќе се прават контроли и кај производителите на млеко и млечните, месните и кондиторските производи.
Ивешајот денеска ќе биде доставен до министерството за економија, кое треба да го презентира пред министрите во Влада, а согласно податоците кои ќе произлезат од него ќе се знааат и идните владини чекори. Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучи можноста на владина седница да донесат конкретни мерки.
- „ДПИ заедно со министерството за економија ќе излезат во јавноста со одредени параметри и нормално ако тоа не се почитува од страна на системот, а системот започнува производители, дистрибутери, ланци тогаш ќе мора како Влада да превземеме поофанзивни мерки,“ изјави Мицкоски.

Инаку, мерка за успешност на граѓанскиот бојкот беше тоа што тој ги натера менаџерите на ланците супермаркети да нудат акции со кои „значително“ ќе се намалат цените на најосновните производи. Но, финансиски тоа за нив не значи воопшто ништо, ако се споредат бројките од годишниот приход што го прават. Со акција или без акција, маркетите бележат огромен раст, како на приходите, така и на нето-профитот, што, сепак, се должи на високите цени на оние производи што се дел од реалната потрошувачка кошничка на граѓаните.

Податоците од Бизнис-мрежа покажаа дека седумте најголеми трговски ланци на маркети во земјава во 2023 година оствариле вкупни приходи во износ од 930 милиони евра. Тоа значи дека еднодневниот бојкот во петокот што го намали прометот за 1,6 милиони евра, на супермаркетите им откинал 0,2 отсто од годишниот приход.





