Од следниот месец граѓаните ќе можат малку да здивнат. Од 1 ноември граѓаните наместо до 15 часот, поевтина струја ќе користат до 16 часот. Регулаторната комисија ги прави последните подготовки за најавеното зголемување на дневната евтина тарифа на струјата. Првиот регулатор Марко Бислимовски во изјава за јавниот сервис, очекува се да биде според планираната динамика.
- „Во тек се анализите за воведување дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот. Станува збор за опсежна енергетска анализа во која освен енергетскиот аспект значајно влијание имаат и финансиските елементи, посебено ако земеме предвид дека сме во фаза на стабилизација – по пандемијата и енергетската криза“, вели Бислимовски во изјава за МРТ1.

На сила останува евтината тарифа во ноќните часови и секако денот недела. Граѓаните, барем оние повозрасните, со душа чекаат час повеќе евтина струја во текот на денот. Финалната одлука Регулаторна ќе ја донесе кон крајот на месецов.
Во 2021, кога енергетската криза косеше се пред себе, регулаторот по низа анализи реши да ја укине дневната евтина тарифа, со образлижение дека услугата е многу скапа за државата.





