Наскоро ќе нема повеќе одење од маркет во маркет да видиме каде е поевтино. Наместо со гувење време, од дома ќе може да провериме каде е најисплатливо да пазаруваме. Трговците на интернет ќе мора да ги објават цените на сите производи. Освен маркетите, новитетите важат и за аптеките, салоните за бела техника, мебел.
Паралелно, дури 9 правни субјекти, вклучително и маркети, аптеки, увозници – дистрибутери, добиле 15-дневна забрана за вршење на дејност како и парична казна поради непочитување на владините одлуки за скалестото ограничување на бруто профитната маржа, како и замрзнување на цените на одредени прозиводи, велат од Пазарената инспекција. Освен затворање кај одредени правни субјекти, од досега извршените конторли изречени биле и парични казни во висина од над 50.000 евра.

Цените ќе се ажурираат на дневна основа, со што потрошувачите во реално време ќе може да споредуваат. Очекувањата се дека на овој начин ќе се зголеми конкуренцијата и цените дополнително ќе се намалат. Според Законот за трговски друштва, доколку субјектот брои до десет вработени и во секоја од последните две пресметковни години или во првата од работењето остварил бруто-приход до 50.000 евра, спаѓа во категоријата на микротрговец. Тие не се обврзани да објавуваат цени, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите.
Надлежните очекуваат цените во пресрет на празниците да одат во надолна линија, но дали тоа ќе се случу, останува да видиме.





