Лавина реакции на социјалните мрежи откако заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето да обезбеди средства за лекување на Леонид Индов кој пред две недели со медицински транспорт со хеликоптер е префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат.
Меѓу бројните реакции активистка на ФБ објави:
„ За Леонид ќе се соберат пари, глупиот правилник ќе си остане како што е…

Народот ќе донира а Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија ќе се прави на глув и нема да одобрува рехабилитација без која неможе да се живее, бидејќи не ја сметаат за лекување.



Правилникот на ФЗО мора да се смени. Многу животи и многу семејства се оставени сами на себе. И семејството на Јани е во иста ситуација. Фондот за здравство одбива да дадва пари за рехабилитации со изговор дека истото може да се лекува и тука.

ФЗО го одбила плаќањето за лекувањето на Леонид во Австрија, велат имало тука каде да се лечи… а каде тоа да се лечи?
Колку животни загрозувачки ситуации имавме чии животи зависеа од рехабилитација, но фондот во ниту еден момент не го отвори прашањето за потребата од промена на тој правилник!“, напиша таа.