Првиот човек на албанската тајна служба Вишо Ајази Лика поднесе оставка без да даде образложение што предизвика лавина од шпекулации во редовите на опозицијата, пишува албанскиот портал Шекули.
Неговата оставка, предизвика шпекулации за можните мотиви, а лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша рекол дека „постои можност“ дека оставката ан Лика е под политички притисок, со цел да се намалат последиците по скандалот со наводната вмешаност на поранешниот министер полицијата Сеимир Тахири во трговија со дрога.
„Мислам дека с’е ќе направат за да се скрие аферата Тахири … Светот нема да дозволи Албанија повторно да стане мафијашка држава. Ова прашање допрва се отвора, рекол Баша.
Оставката на шефот на албанската тајна служба доаѓа една недела по скандалот според кој поранешниот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, наводно бил дел од каналот за шверц на дрога од Албанија се префрли на Италија.
Италијанската полиција им предала на властите во Тирана над 400 страници записи од прислушуваните разговори, во кои Тахири се споменува како политичар чија кампања била финансирана од мафијаши, што тој го негира.
Како што е наведено, за наследник е назначен поранешниот заменик-шеф на службата Хелидон Бендо.





