Наредба за забрана за докторите, сестрите и болничарите на клиниката на Токсикологија да даваат изјави на медиумите, донесе организациската директорка на Клиниката, Бесија Иљази.
„…Се забранува неовластено свикување конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично со што би се нанело штета на интересите на угледот на клиниката“ стои во нардбата.
„Средба со новинари, други медиуми само со претходно известување на в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи а санкционирање“, стои во наредбата.
Наредбата осамна ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на „Токсикологија“ и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.
Од минатиот четврток 18-те лица повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив јавно беше посочено дека немаат соодветно образование.






