Вооружениот напаѓач кој го нападна и полесно го рани поранешниот претседател и актуелен кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија на 13 јули, претходно пребарувал на Google информации за убиството на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963-та.



Ова го изјави директорот на ФБИ Кристофер Вреј за време на сослушувањето вчераа пред конгресната комисија, цитиран од CBS News.

„Анализата на лаптоп поврзан со истрагата со напаѓачот откри дека на 6 јули тој барал (информации) „колку (Ли Харви) Освалд бил оддалечен од Кенеди“, рече Вреј во сведочењето пред Судскиот комитет.

ФБИ сè уште го утврдува мотивот на 20-годишниот Томас Крукс, кој испукал најмалку осум истрели во кои загинал еден присутен, а Трамп и уште две други лица ранил.

Реј рече дека иследниците добиле пристап до некои од електронските уреди на Крукс, но не нашле „ништо интересно во однос на мотивот или идеологијата на атентаторот.

Директорката на тајните служби на САД Кимберли Читл во вторникот поднесе оставка. Агенцијата беше критикувана за неуспехот да го спречи она што се случи.

Тајната служба, која е одговорна за заштита на сегашните и поранешните претседатели на САД, беше под притисок откако Крукс успеа да го застрела Трамп.

Читл, која ја водеше агенцијата од 2022 година, рече дека ја преземала одговорноста за пукањето, нарекувајќи го најголемиот неуспех на Тајната служба откако Роналд Реган беше застрелан во 1981 година.