Неколку недели позната манекенка, но во строга тајност, е во врска со Луис Камилиери. Наоми Кемпбел (47), наводно е лудо вљубена во 14 години повозрасниот египетски милионер кој е поранешен сопственик на тутунски компании и сегашен директор на Ферари.
“Наоми ја крие нивната врска, бидејќи тие кратко се заедно, но јасно може да се види дека е многу вљубена во Луис”, велат нејзините пријатели.
Голем дел од луѓето околу нив се уште не знаат, а двојката се сретнала на трките во Формула 1, која е опсесија за двајцата.

Камилиери во 2004. година се разведе од сопругата Марјолин со која има три деца. Бизнисменот пред неколку години беше во фокусот на медиумите поради неговите изјави за зависност од цигарите.
“Иако цигарите се некаква лесна зависност, навистина е тешко да престанете со пушење”, рече тогаш Камилиери кој признава дека не пушел само во еден кус период од три месеци кога имал сериозна настинка.





