„Последниот случај на штета на Албанците е забележан во Струмица, каде што на навивачите на Шкендија ‘Балисти’ им беше забрането да го следат мечот на нивниот омилен клуб Шкендија. И покрај тоа што поминаа преку 200 километри, полицијата нареди да се отстранат албанските навивачи од трибините и пред да заврши првото полувреме, само затоа што на трибините го развиорија албанското знаме.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Индекс“ во својата информација со тенденциозен наслов „Владата Вреди – ВМРО го забрани истакнувањето на албанското национално знаме, ги оддалечија албанските навивачи од стадионот“.
Од ФК Шкендија велат дека официјалниот делегат на натпреварот во ниту еден момент не побарал отстранување на знамето. Според навивачите, она што се случило синоќа било во режија на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Во своето соопштение преку фејсбук навивачката група „Балисти“ објави: „По 200 км патување до Струмица, во 30-та минута од натпреварот Брера против Шкендија доаѓа наредбата да се напушти трибината, бидејќи на решетките на трибините го истакнавме албанското знаме. Ова е идиотизам и пример, кој покажува дека Албанците се сметаат како граѓани од втор ред во словенската држава. Ќе се видиме следната недела во пеколот наречен Тетово! Албанија на Албанците, смрт на предавниците!“







