Посебен режим на сообраќајот во главниот град ќе биде воведен денеска поради одржување на 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон.



На маратонот ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

Директор на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски очекува најдобро издание на јубилејната 20. спортска манифестација.

Времениот посебен режим на сообраќајот ќе трае од утрово од 03:00 часот – одредени улици се целосно или делумно затворени – и ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот.

Од 7 до 14 часот, дел од автобусите во јавниот превоз ќе функционираат по изменет распоред, додека некои линии нема да сообраќаат воопшто. Линиите што нема да бидат активни се: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25 и 59Б.