Рафаел Надал пропушти извонредна можност од понеделник одново да биде нов светски тениски рекет број 1. Шпанецот не се враќа на позицијата на која во кариерата мина вкупно 141 недела затоа што утринава во Монтерал неочекувано загуби од каннадскиот тинејџер Денис Шаповалов со 2-1 во сетови. Според тоа иако подолго отсустен Енди Мареј има доволно бодови да остане на врвот и за 41 недела. Но тоа секако нема да трае долго зошто моментно вториот Надал и третиот Федерер наскоро, не по турнирот во Канада туку веројатно по последниот Гренд Слем во сезоната што на 28 август започнува во Њујорк ќе се искачат на врвот.
Кому и да му се случи таков камбек тоа ќе биде по четврти пат за големите тениски ѕвезди со таа разлика што Надал до сега бил на првото место 141 недела, Федерер е апсолутен рекордер со 302 седмица.




